РАСТЕНИЈА, книга со врвни визуелни преставувања на растенијата и цвеќињата од целиот свет. Искусете ја убавината и разновидноста на светските растенија и цвеќиња. Книгата Растенија изобилува со врвни визуелни претставувања на растенијата и цвеќињата од целиот свет. Таа нуди спектакуларен преглед на растенијата од целиот свет од перспектива на градинарите.
Книгата ја прославува светската флора и нуди повеќе од само упатство за градинарите. Исто така, се одликува со над 2.000 фотографии меѓу кои и на најзагрозените видови растенија на планетата и покажува како градинарите можат да одиграат лична и важна улога во нивното спасување. Над 2.000 фотографии ја слават блескавата разновидност на флората на земјата - од секојдневниот нарцис до најретката орхидеја. Книгата изобилува со обемна енциклопедија на загрозени видови растенија, покривајќи ги сите можни видови - од четинари до орхидеи и месојадни растенија. Објаснувајќи го потеклото, живеалиштето и условите и грижата што ја има секое растение во нашите градини, ова е основниот водич за денешниот одговорен градинар.
Објавено од Dorlng Kindersley (ДК издаваштво) во соработка со водечките експерти од ботанички градини ширум светот, книгата е одобрена од Меѓународниот конзерватор на ботанички градини (BGCI) и Светскиот фонд за диви животни - глобален проект за промовирање на одржлив став кон растенијата.
Книгата располага и со нацинален оддел изготвен во соработка со д-р. Јане Ацевски и д-р. Бојан Симовски од Шумарскиот факултет во Скопје, како и стручната редакција на Благој Николов, Марко Тасевски и Даниел Ѓенчевски, со осврт на најчестите, најспецифичните и најтипичните растенија застапени на територијта на нашата земја, како Македонија земја на дабовите или Македонија земја на јаворите.. како и краток опис на дендропаркот при Шумарскиот факултет од Скопје, кој има најразновиден состав на дрвенести растенија на Балканот...
Овој масивен, шарен и прекрасен водич за растителното царство со одлично напишан текст и зачудувачки фотографии и илустрации, го зазема најновиот пристап кон светската флора со нагласување на зачувувањето на растенијата и еколошкото значење на растенијата.
Првите два дела - Светот на растенијата и Глобални живеалишта - пополнуваат само 85 страници и се напишани за неофитите на флората, но нудат многу изненадувања за сите што ги знаат. Третиот дел е вистинската Енциклопедија на растенијата, која опишува илјадници загрозени растенија, расчленети на 12 категории, вклучувајќи дрвја и грмушки, четинари, тревни растенија, растенија за качување, луковични растенија, треви и бамбуси, алпски растенија, папрати, кактуси и сукуленти, цикади, орхидеи и бромелијади како и месојадни растенија. Забележан е статусот на зачувување на секој вид, со мапа на дистрибуција и краток, нетехнички опис.
Четвртиот и последен дел дава информации за различните инвазивни растенија и нивното еколошко влијание. Книгата завршува со список на адреси и веб-страници, дополнителни детали за зачувување на растенијата, речник и индекс. Во крајна линија книгата треба да се најде во референтните колекции на широк спектар на библиотеки, вклучувајќи ги повеќето јавни и академски библиотеки, како и училишни библиотеки (особено оние со активни програми за градинарство), книгата нуди задоволство и за умот и за окото.
- Фотографии на околу 2000 растенија;
- Објаснување за потеклото на секое растение, неговото природно месторастење и условите за растење во Вашата градина;
- Кои градинарски растенија се под закана и како можеме да помогнеме за да опстанат;
- Водич за растенија од суштинско значење за секој одговорен градинар
Димензии: 24 × 29 см
Број на стр.: 512
Подврска: тврда
Јазик: македонски