Општи услови

Добредојдовте на mladinskakniga.com Со вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби. Ве молиме прочитајте ги внимателно.

Mladinskakniga.com е-продавница за книги, каде ексклузивно се застапени изданијата на Младинска книга. Покрај можноста за купување, преку mladinskakniga.com имате можност и да се информирате за сите изданија.

Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето. Начините и условите за плаќање и испорака, како и за рекламација на производите, се опишани во Политика за испорака и Политика за враќање.

Со регистрацијата на mladinskakniga.com добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Регистрираните членови на mladinskakniga.com се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои ќе бидат застапени содржини поврзани со нашите понудите. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, ве молиме да нè известите.

Вашите лични податоци кои доброволно ни ги оставате со вашата регистрација на mladinskakniga.com се безбедни и заштитени. Третманот на податоците е опишан во Политиката за заштита на лични податоци.

Со посетата на mladinskakniga.com се согласувате со овие Општи одредби, политиките спомнати во овие одредби, како и со сите релевантни закони на Република Северна Македонија.