Политика за заштита на лични податоци

Приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме вашите лични податоци генерирани на оваа страница. Со неа се уредува и правото на приватност и на сигурност на личните податоци кои се цел на обработката. Таа се однесува за веб страницата mladinskakniga.com и се појавува на дното од страницата. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Прибирање на информации
Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители при регистрација: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број, електронска адреса и сл., се прибираат и употребуваат со цел да се исполни вашата побарана нарачка, да ви овозможи да ги коментирате и оценувате производите на сајтот, како и да останете информирани во врска со новитетите и понудите на mladinskakniga.com. Доколку не се согласувате да добивате информативни билтени, ве молиме да нè известите.

Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат.

Заштита на вашата лична mladinskakniga.com сметка
Вашата лозинка е клучот од вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да ви бидат познати единствено вам. Доколку вашето корисничко име е идентично со вашата лозинка, возможно е лесно користење на вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте вашата лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во ваше име. Заради тоа, доколку вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете нè и сменете ја лозинката. 

Cookies / технологија на следење
Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookies и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се: тип на пребарувач и на оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

Давање на лични податоци на трети лица
Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции само врз основа на закон. Имено, станува збор за следните можни ситуации: 

  • Забрането или побарано со Закон 
  • Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција 
  • Истрага на измама која веќе се случила 


Користење на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители/старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. mladinskakniga.com никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите ќе ги проследи на трети страна без дозвола од родителот/старателот.

Објава на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци ќе бидат дополнително наведени во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.