ПРИКАЗНИ ОД 1001 НОЌ

ПРИКАЗНИ ОД 1001 НОЌ

Вообичаена цена
ден 4,990.00
Акцијска цена
ден 4,990.00
Вообичаена цена
ден 0.00
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

Oкеан од приказни во кој треба да сe плива целиот живот

Илјада и една ноќ е богат калеидоскоп од приказни исполнети со магија, мистицизам, смеа, еден од најдобрите примери за возбудливоста на литературата и нејзината смисла. Приказните раскажуваат за реални и натприродни приказни за љубовта и бракот, за моќта и казната, за богатството и сиромаштијата, како и за бесконечните промени и пресврти на судбината.

Книгата опфаќа Народни приказни од Блискиот Исток, кои биле собирани и пишувани во времето на златното доба на Исламот (од 8-13 век од н.е.), односно,  во времето на владетелот Харун ал – Рашид, со престолнина во Багдад, кога биле собирани и преведувани на арапски јазик и најпознатите дела од науката, литературата и сл.  

Приказните се собирани неколку векови од страна на бројни преведувачи, автори и истражувачи од целиот свет. Тие имаат свои корени од арапски, персиски, грчки, еврејски, турски народни приказни и литература, и се инкорпорирани во една главна носечка приказна, која е заедничка на сите преводи на наведеното дело.

Царот Шахријар, откривајќи го неверството на жената на неговиот брат, престанува да им верува на жените, и бара секоја ноќ да му доведат нова жена, која наутро ја убивале. По некое време, кога не можеле да му наоѓаат повеќе жени, се појавува Шехерезада. Таа секоја вечер започнува да му раскажува приказни, кои не ги завршува и на тој начин го задржува  вниманието на владетелот.. На крајот, владелетолот сепак не ја убива Шехерезада. Нејзините приказни се најразновидни, од историски приказни до поучни, љубовни, детски..   
 
Назив и редослед на приказните во книгата:

  • ЦАРОТ ШАХРИЈАР И ШЕХЕРЕЗАДА
    • Приказна за Шахријар и неговиот брат
    • Приказна за бикот и магаретo 
  • ПРИКАЗНА ЗА ТРГОВЕЦОТ И ДУХОТ
    • Приказна на првиот старец со газелата 
    • Приказна на вториот старец со двете кучиња 
    • Приказна на третиот старец со маската  
  • ПРИКАЗНА ЗА РИБАРОТ И ДУХОТ   
    • Приказна за царот Јунан и лекарот Дубан  
    • Приказна за персискиот цар и неговиот сокол 
    • Приказна за мажот и папагалот       
    • Приказна за принцот и вештерката      
    • Приказна за маѓепсаниот принц     
  • ПРИКАЗНА НА БЕРБЕРОТ  
    • Приказна за првиот брат на берберот       
    • Приказна за вториот брат на берберот 
    • Приказна за третиот брат на берберот
    • Приказна за четвртиот брат на берберот 
    • Приказна за петтиот брат на берберот   
    • Приказна за шестиот брат на берберот                 
  • ПРИКАЗНА ЗА ВОЛШЕБНИОТ КОЊ
  • ПРИКАЗНА ЗА СИНДБАД МОРЕПЛОВЕЦОТ
    • Првото патување на Синдбад Морепловецот
    • Второто патување на Синдбад Морепловецот 
    • Третото патување на Синдбад Морепловецот
    • Четвртото патување на Синдбад Морепловецот 
    • Петтото патување на Синдбад Морепловецот
    • Шестото патување на Синдбад Морепловецот
    • Седмото патување на Синдбад Морепловецот
  • ПРИНЦОТ СЕЈФ ЕЛ МУЛУК И ЌЕРКАТА НА КРАЛОТ НА ЏИНОВИТЕ 
  • ИБРАХИМ, СИНОТ НА МАХДИ
  • АБУ МУХАМЕД МРЗАТА
  • ПРИКАЗНА ЗА ШЕСТЕ РОБИНКИ
  • ПРИНЦОТ ЗЕЈН АЛАСНАМ И КРАЛОТ НА ЏИНОВИТЕ
  • ПРИКАЗНА ЗА ХОДАДАД И ПРИНЦЕЗАТА ОД ДЕРЈАБАР
  • АЛАДИН И ВОЛШЕБНАТА ЛАМБА
  • АВАНТУРИТЕ НА КАЛИФОТ ХАРУН EЛ РАШИД   
    • Приказна на слепиот Баба Абдулах
    • Приказна на Сиди Нуман
    • Приказна на Хасан ел Хабал
  • АЛИ БАБА И ЧЕТИРИЕСЕТТЕ РАЗБОЈНИЦИ
  • АВАНТУРИТЕ НА РИБАРОТ ЏАУДАР ОД КАХИРА
  • ПРИКАЗНА ЗА КАМАР EЛ ЗАМАН И ЖЕНАТА НА ЗЛАТАРОТ
  • ПРИКАЗНА ЗА ДАЛИЛА ИТРИЦАТА
  • ПРИКАЗНА ЗА АЛИ ЗЕЈБАК
  • ПРИКАЗНА ЗА ЧЕВЛАРОТ МАРУФ


За кого е наменета книгата:

  • За сите оние кои имаат потреба за  посеопфатно општо образование (книгата е светско културно богатство и наследство)
  • На сите љубители на добри приказни и на популарни серии.. (Турска серија Шехерезада)
  • На повозрасните деца ( поради популаризацијата на приказната за Симбад и сл.)
  • Како скапоцен подарок.
  • Како дел од библиотечен фонд (јавни, училишни и приватни библиотеки)

Димензии: 22 × 29 см
Број на стр.: 736
Подврска: тврда
Јазик: македонски