ОБИЧАИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ
ОБИЧАИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ОБИЧАИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ОБИЧАИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ОБИЧАИ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Вообичаена цена
ден 4,490.00
Акцијска цена
ден 4,490.00
Вообичаена цена
ден 0.00
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

”Народ сe вeлит људи коjи сe од eдeн род и коjи зборуваjeт eднаков збор и коjи живуваjeт и сe другарат eдeн со други и коjи имejeт jeднакви обичаjи и пeсни и вeсeља”

Празнувањето претставува општочовечка особина. И навистина, независно од потребите и целите, може да се каже дека луѓето сакаат, односно имаат потреба да празнуваат. Големата зависност од природата и од природните појави условиле луѓето во исто време да се плашат од овие појави, но и да им се восхитуваат на моќта што ја поседуваат. Стравопочитта придонела природните појави да добијат своевидни божествени димензии. Во минатото, празнувањата биле насочени токму на божествата што биле почитувани, или биле насочени кон нивните пандани кои биле отелотворени во Сонцето, во Месечината, во ѕвездите, во грмотевиците и слично. Празнувањата имале за цел да ги смират божествата, да им бидат удоволени нивните барања и преку празнувањата и чествувањата да се обидат да ги придобијат овие божества на своја страна.

Верувањата и празнувањата во Македонија, денес, во најголема мерка се поврзуваат со христијанството, како најзастапена религија, но сепак, мора да се нагласи дека основата на најголемиот дел од практиките води потекло од претхристијанскиот период. Впрочем, старите верувања добиле една христијанска димензија која може веднаш да се забележи, но откако ќе се започне со попродлабочено истражување во суштината може да се откријат и дел од тие претхристијански елементи.

Како основна карактеристика на македонскиот народен календар е тоа што годината е поделена на два главни дела:  лето и зима. Според народното толкување клучните празници што го означуваат почетокот на зимскиот и летниот период сѐ Ѓурѓовден и Митровден и тие се таканаречените глави на годината. Овие два празника се карактеристични по принесувањето крвна жртва, на Ѓурѓовден - јагне, а на Митровден се принесува крупна жртва – јунец, бидејќи се смета за „тежок ден“ и истиот бара поголема жртва.

Во книгата се опфатени позначајните македонски празници и верувањата поврзани со нив. За секој од празниците претставена е народната димензија, а исто така, свое место има и официјалното христијанско учење. На тој начин им се дава акцент и на овие два сегменти кои што се присутни во верувањата кај Македонците.

 

  • Над 300 опишани обичаи
  • 102 празнични денови
  • Различни обичаи во текот на истиот ден
  • 19 обредни поворки
  • 5 видови слави
  • мноштво регионални разлики...


СОДРЖИНА:

  1. Етнографски пределски целини во Македонија
  2. Неподвижни празници
    • Варвара
    • Свети Никола
    • Јанино зачиње
    • Спиридон
    • Игнатиј Богоносец
    • Коледе
    • Бадник
    • Божик
    • Василица
    • Крстовден
    • Водици
    • Свети Јован
    • Бабинден
    • Свети Гаврил Лесновски
    • Атанасовден
    • Свети Трифун
    • Сритејне
    • Свети Харалампиј
    • Свети Власиј
    • Св. Евдокија
    • Св. 40 маченици
    • Св. Благовештение
    • Ѓурѓовден
    • Св. Марко Градобија
    • Св. Еремија
    • Св. Атанасиј Летен
    • Св. Никола – летен
    • Св. Кирил и Методиј
    • Св. Константин и Елена
    • Вртолум
    • Иванден
    • Петровден
    • Павловден
    • Св. Врачи
    • Света Недела
    • Св. Прокопиј
    • Горешници – Чуруци
    • Свети Кирик и Јулита
    • Св. Марена
    • Илинден
    • Св. Петка – летна
    • Св. Пантелеј
    • Богородични поклади
    • Богородични пости
    • Макавејски денови
    • Преображение
    • Голема Богородица
    • Св. Јован Осоговски
    • Св. Јован Отсечен
    • Појас на Св. Богородица
    • Св. Симеон Столпник
    • Мала Богородица
    • Свети Јоаким и Ана
    • Крстовден
    • Света Злата Мегленска
    • Петковден
    • Св. Апостол Лука
    • Свети Прохор Пчињски
    • Митровден
    • Мистровден
    • Св. Врачи
    • Св. Архангел Михаил
    • Мартинија
    • Божикни поклади
    • Воведување
    • Св. Климент Чудотворец
    • Мучејнци
    • Свети 15 тивериополски маченици
    • Св. Андреј
  3. Подвижни празници
    • Задушници
    • Месни поклади
    • Бела недела
    • Прочка
    • Велигденски пости
    • Чиста недела
    • Чист понеделник
    • Чиста среда
    • Тодоров петок
    • Тодорова сабота
    • Средопосна недела
    • Средопосна среда
    • Цветна недела
    • Лазарева сабота
    • Цветници
    • Велика недела
    • Вељасреда
    • Величетврток
    • Велипеток
    • Вељасабота
    • Велигден
    • Источен петок – Балаклија
    • Светла недела
    • Бел четврток
    • Црн петок
    • Бела сабота
    • Руса среда
    • Спасовден
    • Дуовденска задушница
    • Духовден
    • Троичка недела
    • Петрови поклади
  4. Обредни поворки
    • Варваруши
    • Коледари
    • Вертепџии
    • Ѕвездари
    • Русалии
    • Василичари
    • Бабари
    • Џоломари
    • Суровари
    • Водичарки
    • Бамбурци
    • Мечкари
    • Сурати
    • Лазарки и Лазаричари
    • Додолки
    • Покрсти
    • Иванденки
    • Тајане
    • Була
  5. Слави и празнувања
    • Литии
    • Селски слави
    • Социјалистички слави
    • Куќни слави
    • Имендени
    • Еснафски слави
  6. Делови од годината
    • Денови
    • Денови – работни и неработни
    • Недели
    • Месеци
    • Година
    • Некрстени денови
    • Месници
    • Бабини дни
    • Питрови жеги
    • Горешници
    • Илијув огин
    • Чуруци
    • Меѓу двете Богородици
    • Мратинци
     

    Автор д-р. Даворин Трпески
    Димензии: 21 × 28 см
    Број на стр.: 480
    Подврска: тврда
    Јазик: македонски

    Украсна дрвена кутија: 25 × 32 × 7 см