Нов Лајонов прирачник РЕЛИГИИ ВО СВЕТОТ

Нов Лајонов прирачник РЕЛИГИИ ВО СВЕТОТ

Вообичаена цена
ден 2,390.00
Акцијска цена
ден 2,390.00
Вообичаена цена
ден 0.00
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

Постоењето на човековата цивилизација е незамисливо без нејзиниот религиозен аспект. Мнoгубројни истражувачи и мислители од почетоците на човечката писменост, па се до денес се обидувале успешно, или не да ја дефинираат религијата.

Денес исто како порано честопати ќе слушнеме или прочитаме дека религијата е еден од облиците на општествена свест, дека религијата го разграничува светот од профаното и сакралното итн.
Религијата била и останува движечка сила на развојот на цивилизациите, но и средство преку кое се постигнувале најразлични политички и економски цели.
Верските војни биле едни од најкрвавите војни во човековата историја, некои велат заради големата фанатична енергија која се вложува при ваквите судири.

Но религијата освен што била злоупотребувана во најразлични цели, пертставува извор за запознавање со човековото постоење, неговите морални вредности и императиви. Многумина денес многу малку знаат за религијата на која припаѓаат, а уште помалку за религијатата на својот сосед или пак за некое подалечно „мистично“ религиозно учење.
Токму затоа делото “The World`s Religions“ e уште повредно бидејќи за многумина читатели претставува еден вид на енциклопедија низ свтескиот религиозен атлас.

Религиитe во светот од Кристофер Партриџ и група автори, за многумина читатели ќе претставува еден вид енциклопедија низ светскиот религиозен атлас. Прирачникот на едно место нуди 10 опширни поглавја на најголемите светски религии. Во останатите поглавја се претставени околу 50 помалку познати религии од кои некои се исчезнати, а некои се во процес на создавање. Многу податливи се деловите во кои се зборува за Хиндуизмот, Будизмот, Сикизмот, Јудаизмот, Христијанството и Исламот. Религии на кои припаѓа најголемиот дел од човештвото.


Книгата нуди одговори на прашања стари колку и самото човештво. За првпат кај нас се нуди еден посебен прирачник кој на еден целесообразен начин ги претставува различните религии во светот. Изданието е подготвено според рецензирано издание на ори

гиналот кое е светски бестселер и е носител на неколку значајни награди.
Оваа книга преставува збирка на проникливи, привлечни и пристапни воведи во историите, верувањата и практиката на религиите од предисторијата до 21-то столетие. Освен пристапноста обележја на прилозите се прецизноста и авторитативноста, зашто се пишувани од 30 - тина меѓународно признати специјалисти. И не само тоа, за религиите да бидат видливи, книгата е богато илустрирана со околу 200 фотографии, карти и дијаграми.


Делото е особено препорачливо  за професори, студенти, заинтересирани лаици и специјалисти на кои им е потребен  јасен, прецизен и сеопфатен преглед на главните религиски верувања и обреди во светот.


Многу привлечна особеност на ова издание е вклучување на лични сведоштва напишани од „обични“ верници за тоа што им значи верата во животот и на кој начин нивниот живот е обликуван од нивните верувања. Иако, се разбира, овие прилози нудат само гледиште на верник поединец, тие ни даваат увид во фактот што значи да се биде верник во рамките на посебна вера.
Иако поглавјата што се занимаваат одделните религии не се апсолутно идентични, зoшто во голема мера се обликувани со нагласените принципи во рамките на односната вера беше вложен напор сите поглавја да се занимаваат со следниве области: историски преглед; светите списи; најважните верувања; богослужењето и славењата; семејството и општеството и движењата во современиот свет.


Освен поглавјата за одделните религии, оваа книга почнува со важно поглавје за проучувањето на религиите, во кое на читателите им се достапни мислењата на некои од најважните мислители во историјата на современото проучување на религиите, во резимето на книгата се опишани најважните факти, што за многу читатели ќе биде многу полезно. Најпосле во последното заглавие се вклучени расправии за некои особени современи движења, како што е појава на нови религиски движења и алтернативни духовности, влијанието на постмодернизмот на религиската мисла и прашањата сврзани со губењето на порано доминантните облици религии (како што е христијанството во западниот свет).


“The World`s Religions“ го запознава читателот со бројните религиозни системи кои се појавувале и исчезнувале во виорите на историските збиднувања, како и со живите сеуште витални религии. Мошне податливи се деловите во кои се зборува за Хиндуизмот, Будизмот, СикизмотЈудаизмот, Христијанството и Исламот. Религиина кои порипаќа најголемиот дел од човештвото.
Особено е значајно што овие религии преставуваат извор за моралните вредности во општествата каде што се присутни, додека во некои држави тие се извор на правниот систем и регулатива.

Димензии: 17 × 23 см
Број на стр.: 495
Подврска: тврда
Јазик: македонски