МУЗИКА

МУЗИКА

Вообичаена цена
ден 5,390.00
Акцијска цена
ден 5,390.00
Вообичаена цена
ден 0.00
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

ГОЛЕМА ИЛУСТРИРАНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ЗА ОЧИ И УШИ

Пронајдете ги одговорите во МУЗИКА – голема илустрирана енциклопедија за универзалниот јазик на човештвото!

СТРУКТУРА НА КНИГАТА:
  • 8 ПОГЛАВЈА кои покриваат одредени периоди во развојот на музиката, од праисторијата до денес, историјата на музиката, од првите инструменти од коски и школки, преку оргулите, електричните гитари и синтисајзерот, до вокалоидот и mp3 плеерот
  • ЗБИРЕН ПРЕГЛЕД на најважните музички случувања во одреден период, на почетокот на секое поглавје
  • 122 ТЕМАТСКИ ЦЕЛИНИ – развој на музичките жанрови, влијанија, значајни автори и изведувачи и најважните нумери/дела, нивниот однос кон музиката, односот на околината кон музичарите, техники на компонирање, доминантни инструменти...
  • Рамките ПРЕД и ПОТОА ја сместуваат избраната тема во временска рамка, за да може полесно да се разберат корените на музичката појава за која станува збор во главниот текст и нејзините влијанија на натамошниот развој на музиката
  • Издвоени рамки со БИОГРАФИИ на познати УМЕТНИЦИ – автори или изведувачи
  • посебни тематски дволисници со ДЕТАЛНИ БИОГРАФИИ на големите музички иноватори и револуционери, како Моцарт, Страдивари, Бетовен, Бах, Гершвин, Били Холидеј, Луис Армстронг, Марија Калас, Елвис, Ленон, Дејвид Боуви
  • ГАЛЕРИИ НА ИНСТРУМЕНТИ во кои преку слики и кратки описи се претставени инструменти што припаѓаат на различни фамилии или култури – жичани, дрвени дувачки, лимени дувачки, инструменти со клавијатури; антички, средновековни, африкански, индиски, исламски, латино инструменти
  • посебни тематски дволисници со ДЕТАЛНА ЕВОЛУЦИЈА на најважните музички ИНСТРУМЕНТИ – виолина, пијано, оргули, флејта, кларинет, саксофон, труба, гитара (акустична и електрична), усна хармоника; еволуција на носачите на звук, од фонографот од 1857 г., што можел да снима звук но не и да го репродуцира, до ајподот
  • издвоени рамки РАЗБИРАЊЕ НА МУЗИКАТА со едноставни објаснувања на музичките термини, како фуга, таблатура, орнаментика, токата, либретист, додекафонија, акустика, глисандо, хаус, минимализам...
  • ШЕМАТСКИ ПРИКАЗИ на ритмите на валцер, полка, свинг, румба, танго, боса нова, ска, реге и диско музика...
  • ШЕМАТСКИ ПРИКАЗИ на структурата на фугата, сонатата, симфонијата, класичниот концерт, блузот, поп песната...
  • издвоени рамки ТЕХНОЛОГИЈА за музичката техника – кога почнале да се употребуваат метални жици на жичаните инструменти, рибонски микрофон, дисторзија, софтвер за коригирање на гласот што е надвор од тоналитет, ритам машина, семплер, mp3 плеер, вокалоид...
  • особено интересен детаљ – ЛИСТИ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ НУМЕРИ на одреден музички правец или поднебје – за да можат читателите да ги побараат предложените нумери на youtube.com и да си овозможат целосно уживање при читањето
  • текстови зачинети со интересни бројки и впечатливи цитати
  • НАЦИОНАЛЕН ДОДАТОК на 16 страници за најважните домашни автори и изведувачи на традиционална, уметничка, џез, забавна и рок-музика: народни инструменти, златниот период на радио, композитори на класична музика, институции кои ја негуваат музиката – опера, балет, филхармонија, хорови, балкански џез, фестивали на забавна музика, филмска музика, рок, нов бран, МТВ генерација...
  • РЕЧНИК НА МУЗИЧКИТЕ ТЕРМИНИ
 
ПОСЕБНИ ПРЕДНОСТИ НА КНИГАТА
  • сите музички правци, не само уметничката (класична) музика
  • музика од целиот свет (не само западна, туку и африканска, индиска, арапска, музика од далечниот исток, мексиканска, хавајска, латиноамериканска, ромска...)
  • преглед на развојот на македонската музика од перото на репрезентативни домашни автори: од првите народни оркестри, преку првите македонски опери, златниот период на забавната и рок-музиката, до групите кои ги слуша денешната интернет генерација.
  • галерии со најразлични музички инструменти од сите краеви на светот
  • прекрасни листи на репрезентативни нумери за слушање при читањето

 

Оваа фантастично илустрирана енциклопедија е полна со приказни за револуционерни настани во историјата на музиката, од флејти направени од коски до вокалоиди и од џез до хип-хоп музика. Овде се и сториите за животот и делото на големите музички револуционери како Моцарт, Елвис или Боуви. Со прегледниот приказ на развојот на сите музички жанрови од најраната музика до дигиталниот звук, прошетајте се низ раскошните галерии на музички инструменти и дознајте како се одвивал нивниот развој чекор по чекор. Како шлаг на тортата, во секоја тема ќе најдете и листа на најрепрезентативни нумери, за потполно уживање при читањето.
 
Во прекрасниот национален додаток прошетајте се низ историјата на македонската музика, од првите народни оркестри, преку првите македонски опери, златниот период на забавната и рок-музиката, до групите кои ги слуша денешната интернет генерација. Во одличниот национален додаток, прошетајте низ историјата на македонската музика, од традиционалната  музика, традиционалните македонски инструменти,  од фолклорните обработки до светските тенденции, за  џезот во Макаедонија (Swinging Macedonia), од Шпато преку Пејовски и Солдатовиќ, до Китановски, Сетстат и Летечки пекинезери, Скопје џез фестивал, класичната музика преставена преку Симон Трпчески , Ана Дурловски, Тома Прошев и многу др., како и балканскиот гитаристички херој Влатко Стефановски и Леб и Сол,  Мизар, Архангел, Анастасија, или македонската рок сцена,  поп музиката во Македонија со ненадминатиот Тоше Проески, Калиопи , Нина Спирова, Зафир Хаџиманов и многу други.
 
НЕКОИ ЗАНИМЛИВОСТИ од МУЗИКА – ГОЛЕМА ИЛУСТРИРАНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА:       

  • Иако е најпознат како градител на виолини, Италијанецот Антонио Страдивари не изработувал исклучиво виолини, туку и лејти, виоли, мандолини, гитари и харфи. Виолините на Страдивари кои се потпишани со неговото латинизирано име Страдивариус се почитуваат поради елегантниот изглед, добрата занаетчиска изработка и речиси совршениот звук. Отпрвин ги боел во златно-жолта боја, додека оние од неговиот златен период имаат боја на махагони. Сите виолини на Страдивари кои денес се зачувани, на број околу 600, имаат имиња – најпознати се Бетс (1704) и Месија (1716). Виолината Леди Блант е продадена во 2011 г. за 15,9 милиони долари. Низ историјата постоеле разни претпоставки за тоа, зошто токму виолините на Страдивари се толку добри – од таа дека ставал тајна состојка во лакот, преку таа дека во неговото време било многу студено поради што дрвјата имале невообичаена густина, до таа дека за звукот се заслужни микроорганизмите кои продреле во дрвото во текот на транспортот по реката.
  • Николо Паганини, една од првите музички супер-ѕвезди и ненадминат виртуоз на виолина, оставил во наследство 22 неверојатно скапи жичани инструменти кои ги изработиле најпознатите градители Страдивари, Амати и Гварнери.
  • Унгарскиот пијанист и композитор Франц Лист, една од супер-ѕвездите во Европа во 19 век, е првиот уметник кој го подигнал капакот на пијано на сцена и седел свртен странично кон публиката. Германскиот поет Хајнрих Хајне во 1844 г. го сковал терминот листоманија за манијата што владеела во Париз за концертите на Лист. За неговата музичка популарност придонесувале и неговиот демонски изглед на сцената – се облекувал во свештеничка одора, играјќи ја улогата на Мефисто, како и провокативниот приватен живот (избегал со мажена жена и имал мноштво скандалозни љубовници).
  • Финскиот композитор Јан Сибелиус за време на животот бил толку многу почитуван и сакан во својата земја што за својот 90-ти роденден од обожавателите добил 12.000 телеграми.
  • Американскиот композитор Џон Кејџ (1912–1992) ја преточил својата страст кон источната филозофија и зен-будизмот во делото наречено 4'33'' (1952), компонирано за каква било комбинација на инструменти, што се изведува така што собраните музичари седат на сцена и 4 минути и 33 секунди не свират ништо. Во своето дело Замислен пејзаж бр. 4 од 1951 г. употребил 12 радио-транзистори со случајно наместени станици. А Германецот Карлхајнц Штокхаузен (1928–2007), еден од најголемите композитори на 20 век, на премиерата на својата композиција Хеликоптерски гудачки квартет од 1993 г. користел 4 хеликоптера. Битлси го ставиле неговиот лик на обвивката на плочата Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band.
  • Музиката на рускиот композитор Игор Стравински била толку радикална што на премиерата на балетот Ритуал на пролетта во Париз, 1913 г., револтираната публика го мавала со што најде, а во родната Русија неговите дела биле забранети. Веќе во 1951 г. тој бил сметан за застарен изведувач. Варијација на тема Ритуал на пролетта е искористена за анимираниот филм Фантазија, на студиото Дизни, 1940 г. (во приказната за диносаурусите). Фантазија бил првиот комерцијален филм прикажан во стерео звук.
  •  Маршот што го свиркаат заробените британски војници во британскиот филм Мостот на реката Квај од 1957 г., го компонирал британскиот композитор, поручникот Ф. Џ. Рикетс, во 1914 г. Оригиналното име на маршот било Марш на полковникот Боуги и бил познат ширум светот долго време пред да се појави филмот.
  •  Најгласниот концерт во историјата на музиката го одржала хеви-метал групата Manowar во 1984 г. – јачината на звукот била 129,5 децибели (подолга изложеност на звук со јачина од 90 dB предизвикува трајно губење на слухот, а на 125 dB чувствуваме болка; моторот на млазен авион произведува звук со јачина од 140 dB и тоа е горната граница што им се препорачува на луѓето СО штитници за ушите). Многу групи подоцна тврделе дека достигнале и до 139,5 dB, но категоријата „најгласна група на светот“ е исфрлена од Гинисовата книга на рекорди бидејќи нејзините автори не сакале да промовираат трајно губење на слухот на концертите.
  • Откако објавил дека се повлекува од сцената, Американецот Френк Синатра снимил 7 албума.
  • Јапонија е најголемиот музички пазар на светот: повеќе од четвртина од вкупните светски приходи од музика се остваруваат во Јапонија. Најпопуларни се тинејџерските идолски групи, кои понекогаш имаат неверојатно голем број членови. Групата AKB48 во мај 2013 г. имала дури 86 членови, поделени во неколку групи, што ѝ овозможува на групата под едно име да настапува истовремено во различни краеви на светот. Интересно е тоа што продуцентските куќи што ги промовираат идолските групи за нивни членови бираат момчиња и девојки со просечен изглед и просечни пејачки способности, испраќајќи им така порака на младите обожаватели дека секој може да биде следниот идол.
  • Главниот консултант на енциклопедијата МУЗИКА, диригентот и композитор на филмска музика Роберт Циглер, во интервју по повод објавувањето на оваа книга ја раскажа следната приказна, настојувајќи да ја објасни магијата на спојот на сликата и звукот. Звукот е многу сугестивен и во мислите создава илјадници слики, додека сликата секогаш е иста – тоа е она што сите го гледаме. Кога Спилберг го снимал филмот Ајкула, во 1975 г., специјалните ефекти не биле толку развиени како денес, а можностите на компјутерската анимација не биле достапни. Затоа, Спилберг нарачал да му направат механичка ајкула, но таа направа не можела добро да се контролира и снимените сцени едноставно не биле страшни. Потоа Спилберг го ангажирал композиторот Џон Вилијамс и му рекол дека неговата задача е од Ајкула да направи хорор-филм. Така, Вилијамс осмислил едноставна тема за туба, која се состои само од два тона кои наизменично се повторуваат и кои се слушаат во филмот секогаш кога се очекува да се појави ајкулата-убиец. Тој трик бил толку успешен што темата од Ајкула станала синоним за опасност која се приближува. Композиторот ја добил наградата оскар за музиката во овој филм.

 

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

  • Класика или рок, панк или соул, диско или поп, сите имаат омилен музички правец, но ја знаете ли неговата историја?
  • Од каде доаѓаат латино ритмите во џезот или блузот во рок-музиката?
  • Што е фадо, а што трубадур, кои се вокалоидите, какво е тоа „препарирано“ пијано, од каде вентили во трубата, кој инструмент е „фендер“, а кој „страдивари“?

 

АВТОРСКИ ТИМ
СТРУЧЕН КОНСУЛТАНТ РОБЕРТ ЦИГЛЕР е диригент во симфониските оркестри во Велика Британија, САД и на Далечниот исток, а диригирал и на снимањето музика за филмовите Ќе падне крв, Хобит, Разум и чувствителност. Автор е на книгата Великани на музиката и е добитник на повеќе награди за својата работа на радио и телевизија Би-Би-Си.
 
АВТОРИ НА ТЕКСТОТ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ДОДАТОК
• ИВОНА ОПЕТЧЕСКА – ТАТАРЧЕВСКА етномузиколог
• ДОЈРАНА ПРОКОПИЕВА (1983) музиколог
• ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ (1958) Новинар, водител и уредник

 

Димензии: 25 × 30 см
Број на стр.: 416
Подврска: тврда
Јазик: македонски