ИЗГУБЕНИ ГРАДОВИ

ИЗГУБЕНИ ГРАДОВИ

Вообичаена цена
ден 3,990.00
Акцијска цена
ден 3,990.00
Вообичаена цена
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

Изгубени градови - трага од античките цивилизации

Врвната монографија ИЗГУБНИ ГРАДОВИ  ги опишува најубавите антички градови кои според изборот на реномирани експерти го означиле развојот на урбаните единици на стариот свет. Вонредните фотографии и деталните реконструкции ќе му помогнат на читателот да го разбере значењето на овие градови за цивилизациите што ги граделе, но и за оние што ги замениле на сцената на историјата.

Неисцрпен извор на знаење и инспирација за сите љубители на архитектурата, историјата, уметноста, археологијата, како и за страствените читатели желни за секаков вид на знаење.

Цивилизацијата е сложена култура во која голем број луѓе споделуваат заеднички елементи. Поврзувањето и разбирањето на античките цивилизации со хуманистичките и општествените науки ни помагаат подобро да ги разбереме економските и политичките заеднички работи и разликите помеѓу културите, луѓето и животната средина. Античките цивилизации даваат увид во тоа зошто и како се одвивала историјата и станала она што е.

Изборот на 29 антички историски монументални градови од целиот свет е направен според зачувувањето и фактот дека овие населби ја рефлектираат суштината на културата и идеологијата на цивилизациите што ги подигнале:

  • ЧИЧЕНИЦА, водечки град на американскиот континент од 7 - 10 век;
  • ТЕОТИВАКАН, урбан феномен познат ширум светот по Пирамидата на Сонцето и Пирамидата на Месечината;
  • ПЕРСЕПОЛИС, блискоисточна метропола од 500 година п.н.е. ;
  • РИМ, вечниот град;
  • АТИНА, грчката престолнина изградена од Перикле, Август, Трајан, Адријан ...;
  • ТИКАЛ, гигантски град во џунглата кој се протегаше на 15 квадратни километри
  • и уште 23 градови кои го издржаа тестот на времето и заборавот на луѓето.

Димензии: 26 × 36 см
Број на стр.: 312
Подврска: тврда
Јазик: македонски