ЖИВОТНИ

ЖИВОТНИ

Вообичаена цена
ден 5,390.00
Акцијска цена
ден 5,390.00
Вообичаена цена
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

Прочитајте ја најголемата книга за ЖИВОТИНСКОТО ЦАРСТВО!

Водечките светски експерти и фотографи ги здружија силите за да ја создадат најголемата и најдобрата книга за животните во светот!

Овој светски хит е преведен на повеќе јазици, а пред вас е првото издание на македонски јазик. Големата илустрирана енциклопедија ЖИВОТНИ дава сеопфатен преглед на животинското царство.

На енциклопедијата работеа 70 водечки светски експерти, светски познати зоолози и биолози и затоа во неа ќе најдете ажурирани, веродостојни и точни информации.

Оваа книга го претставува богатиот свет на животинското царство и е создадена во критичен период од неговата историја. Составена од меѓународен тим од  зоолози, биолози и природонаучници, книгата е плод на темелно истражување на животинскиот свет, со приказ на познатите видови што се среќаваат речиси секојдневно, но и екстремно ретките што само неколкумина научници ги виделе, а уште помалку имале можност да ги проучуваат. Таа ги опфаќа не само ’рбетниците, туку и широкиот избор на безрбетни животни коишто го сочинуваат огромното, но често пати занемарено мнозинство од животинските видови на земјата.

Севкупно, во енциклопедијата Животни ќе најдете повеќе од 2.000 индивидуални видови, вклучувајќи бројни новооткриени, ретки или загрозени видови. Речиси сите се прикажани или со фотографија во боја или со илустрации. Овие фотографии се заеднички труд на стотина фотографи на животинскиот свет и професионални зоолози, и тие не ги прикажуваат само конкретните животни, туку и клучните аспекти од нивната биологија и екологија.

Поради тешкотиите при лоцирањето и фотографирањето на некои видови во дивината, еден дел од фотографиите се снимени во заробеништво, но во најголем дел се прикажани животни во нивните природни живеалишта. Во фотографиите се опфатени и наградените портрети на некои од водечките светски фотографи на животинскиот свет, како и ретки фотографии добиени по повеќемесечни истражувања, а благодарение на трпеливата помош од стручни лица за секоја област. Резултатот е извонредна збирка од фотографии, за кои веруваме дека се ненадминати од која било енциклопедија од ваков вид.

Оваа привлечна и шарена енциклопедија е одличен водич за семејната полица за книги и ќе уживаат љубители на животни од сите генерации!

Книга којашто ја следи еволуцијата како на животните што ни се добро познати така и на оние кои ги виделе само неколку луѓе во светот!

  • Сеопфатен приказ на животинското царство
  • Повеќе од 2 000 животински видови
  • Врвни фотографии
  • Вклучени анатомски описи на животните
  • Неверојатни прикази на живеалиштата, животните циклуси и заштитените животински видови
  • повеќе од 5.000 фотографии на 624 страници во боја
  • книга објавена во повеќе од 30 земји
  • печатена во повеќе од 1.000.000 примероци.

Запознајте повеќе од 2.000 животни од целиот свет - од најголемите до најмалите, од најбрзите до најопасните, од најпознатите до најнеобичните!

 Димензии: 25 × 30 см
Број на стр.: 624
Подврска: тврда
Јазик: македонски