ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77
ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77
ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77

ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ОД 7 ДО 77

Вообичаена цена
ден 4,490.00
Акцијска цена
ден 4,490.00
Вообичаена цена
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

Од инсекти и диносауруси до скапоцени камења и античкиот Рим, од првото тркало до современите возила, од абакус до моќни компјутери, Енциклопедијата од 7 до 77 години содржи богатство на информации за различни концепти и појави. На 358 страници, со повеќе од 10.000 слики и илустрации, оваа раскошно уредена енциклопедија прикажува и објаснува неверојатни факти за науката, природата, културата, спортот, историјата, обичаите, хоби, храната, јазиците ...

Енциклопедијата од 7 до 77 години е единствена енциклопедија што се чита и гледа. Наменетa е за деца на училишна возраст, но поради својата разновидна, систематска, богата и актуелна содржина, таа е идеална за сите генерации и за сите оние кои сакаат да ги освежат и подобрат своите општи знаења и култура.

Содржината на Енциклопедијата од 7 до 77 години е исто така идеална као дополнителен материјал за студентите кои се подготвуваат за натпревари по различни предмети - од математика и физика, до биологија, хемија или историја, без оглед на возраста.

Следните области се опфатени во шест поглавја:

  • Наука и технологија
  • Природа
  • Географија
  • Култура
  • Спорт и хоби
  • Историја

 


Енциклопедијата од 7 до 77 години е лиценцирано издание на светски познатата издавачка куќа ДК - Дорлинг Киндерсли, а светската премиера ја имаше во октомври 2015 година. Уредници на изданието на македонски јазик се универзитетски професори и експерти од областа опфатена со оваа енциклопедија.

Димензии: 25 × 30 см
Број на стр.: 360
Подврска: тврда
Јазик: македонски