ПОДГОТВЕТЕ ЗИМНИЦА ПОДОБРО ОД НЕГОВАТА МАЈКА!
Златни мудрости за вкусен живот, богат избор од едноставни, но и врвни јадења, од кои пријатно мириса секој дом. Оваа книга е книжевна меморија и ризница на кулинарско богатство на нашите предци, пренесувано од генерација на генерација. Книгата ќе будѝ драги сеќавања за новите јадења што сме ги приготвиле и за јадења што со сласт сме ги поделиле. Оваа книга ќе биде основа за надградување на вештините и искуствата, кои еден ден, ќе ги пренесеме во наследство.
Со помош на другите книги за готвење, можеме само да готвиме. Со помош на книгата Домашна зимница можеме да готвиме со уживање, бидејќи оваа книга е многу повеќе од збирка рецепти. Таа нè потсетува на детството и ги буди најубавите сеќавања на пријатната топлина на кујната на нашите баби.. И додека ни оживуваат сликите на бабините умешни раце, ’зафатени’ во тестото и околу топлиот шпорет, готвењето ни станува послатко, а семејството ни станува секогаш собрано на едно магично место – во нашата кујна..
Љубовта, традицијата и посебно зачуваните ритуали и рецепти се обележје на секое семејство. За тоа колку е важно зачувувањето на обичаите за секоја заедница, најдобро говори изреката „подобро земјата да ја продадеш, отколку обичајот да исчезне“... Зачувувањето на традицијата за подготовка на зимница претставува ненадминато гастрономско задоволство за целото семејство!
ОВОЗМОЖЕТЕ ИМ НА ВАШИТЕ ДЕЦА УЖИВАЊЕ ВО ВКУСОВИТЕ СО КОИ ПОРАСНАЛЕ НИВНИТЕ ПРЕТЦИ!
Со зимницата која ВИЕ сте ја подготвиле, ќе знаете точно што Вашите деца и Вашето семејство јадат, наспроти производите со кои се преплавени супермаркетите, а се` со сомнителен квалитет.
ДОМОТ НЕКА СЕ ИСПОЛНИ СО МИРИСОТ НА ВАШЕТО ДЕТСТВО, како кога вашата мајка и баба правеа зимница и кога низ домот се ширеше миризба на печени пиперки, ајвар, џем.. Зачувајте го таквото семејно наследство, и обогатете го со права ризница на рецепти, кои некогаш беа семејна тајна за највкусните јадења.
Ставената зимница е најголем благодет за трпезата во зимските денови!
Зимницата се подготвува со СРЦЕ!
- Повеќе од 650 страници, со над 500 рецепти;
- Традиционални, заборавени и модерни рецепти;
- Многубројни домаќински совети и кулинарски трикови;
- Проверено знаење со вековна пракса. Сите рецепти се проверени и испробани така што успехот ви е загарантиран;
- Книгата е украсена со стари графички слики во црна боја и боја на старо злато, на тонирана хартија, а текстот е со златни детали, со што е создаден впечаток на старинска автентичност;
- Неверојатно уживање при читањето и уште поголемо при користењето на книгата за подготовка на највкусна зимница и рецепти со зимница.
СОВРШЕН ПОДАРОК ПО КОЈ СИГУРНО ЌЕ ВЕ ПАМЕТАТ!
Во книгата ќе ги најдете следниве поглавја:
- Техники за подготовка на храната;
- Солена зимница:
- Мариниран зеленчук;
- Сосови;
- Сушен зеленчук;
- Сушени и замрзнати тестенини;
- Туршија;
- Замрзнат зеленчук;
- Зимница со месо;
- Слатка зимница со мармалади, пекмези, џемови, слатка, кандирано овошје, сушено овошје, замрзнување на овошје, сирупи, сокови, компоти, ликери и на крајот терминологија на користени поими.
Сите поглавја освен рецепти за зимницата содржат и пропратни рецепти на оброци кои можат да се комбинираат со наведената зимница. Значи станува збор за готвач кој не е ограничен само на зимницата.
Книгата е заеднички проект на д-р. Небојша Вуковиќ – Македонија и Татјана Мартиќ – Србија.
СОПРУГОТ ПРСТИТЕ ЌЕ ГИ СИ ИЗЛИЖЕ, ДЕЦАТА ЌЕ УЖИВААТ, ПРИЈАТЕЛИТЕ ЌЕ ВЕ ПРАШУВААТ ЗА РЕЦЕПТИТЕ
Димензии: 22 × 29 см
Број на стр.: 328
Подврска: тврда
Јазик: македонски