ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА
ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА
ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА

ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА

Вообичаена цена
ден 1,990.00
Акцијска цена
ден 1,990.00
Вообичаена цена
ден 4,490.00
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

Залихата е при крај, со мали оштетувања само на кориците

 

Чудесна Македонија е првиот национален проект на Младинска книга од Скопје. Намерата на оваа книга е да биде еднакво скапоцена за сите, независно од нивната верска или национална определба, независно од нивниот степен на образование, да не е актуелна само денес, туку да биде актуелна за 10... 15... и повеќе години, бидејќи во неа се содржани трајни вредности, да биде актуелна за секое, семејство и за секој дом.
Во оваа книга може да најдете сè она што го создала мајка природа, па се до културно историски споменици, цркви и манастири.

Книгата е печатена во голем формат, речиси како да станува збор за енциклопедиско издание, со околу 530 страници и над 700 фотографии.
Изданието е замислено како претставување на Македонија преку 100 локации. Прерарскажана е приказна за една земја и многуте нејзини убавини: планини и рамнини, врвови, села и полиња, реки и кањони, водопади и извори, пештери, обични и необични животни и растенија. Во неа влегуваат познатите и заборавени дела на старите градители: манастири, џамии и цркви, археолошкото богатство на оваа земја, тврдини, кули и мостови, како споменици од поновата историја. Тука се и приказните на обичните луѓе, се слушаат нивните верувања и легенди, се мирисаат и чувствуваат нивните јадења и пијалаци...

Според креаторите на оваа книга, фотографот Наце Попов и текстописецот Марија Шаревска-Тодоровска, Чудесна Македонија, со својата разнообразност и содржина, е книга со која ќе се гордее секој граѓанин, книга за секое семејство, без оглед на неговата национална и верска припадност.

Книгата нема намера да биде научно четиво или пак некоја патеписна репортажа.

Чудесна Македонија е моногрaфија за сите оние на кои Македонија им е длабоко во срцето, за оние кои сакаат овие слики и зборови да ги пренесат на идни поколенија. За сите оние кои ги сакаат пределите, приказните и легендите со кои оваа чудесна земја е богата да ги отргнат од заборавот и минливоста. Во оваа книга е ставено сè што мора да се запознае и почувствува, бидејќи Македонија е неповторливо доживување.

Во книгата ќе читате приказни за:
Пелистер, Св. Пантелејмон, за Шара, и за Дојранското Езеро, за Виничкото Кале, и за Вруток, за Цоцев Камен, за Црн Дрим и за  Галичник, за манастирот Зрзе и за  Смоларските водопади, Даут-пашин аман, Шарената џамија, за Велешкото езеро, Матејче и изворите на Брегалница, за Плаошник и за Јасен, за Самуиловата тврдина, за старата чаршија во Скопје и за Скопскиот аквадукт, за Стоби, за Баргала и за Пештерата Пешна, Трескавец и за Алшар, за Арабати-баба теќе и за Маловиште и за Голем град, за Хераклеја Линкестис и за Вевчани, ова се само мал дел од 100-те приказни за Чудесната Македонија.

Димензии: 26 × 33 см
Број на стр.: 624
Подврска: тврда
Јазик: македонски