МАКЕДОНСКИ СЛАВИ
МАКЕДОНСКИ СЛАВИ
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – МАКЕДОНСКИ СЛАВИ
  • Поставете слика во прегледувачот на галеријата – МАКЕДОНСКИ СЛАВИ

МАКЕДОНСКИ СЛАВИ

Вообичаена цена
ден 2,490.00
Акцијска цена
ден 2,490.00
Вообичаена цена
ден 3,998.00
Продадено
Единечна цена
за 
Вклучен данок.

МАКЕДОНСКИ СЛАВИ – ЗАЛОГ ЗА ПОКОЛЕНИЈАТА

Славата го одредува поединецот кој ја слави како припадник на своето семејство, православието и на Македонците. Притоа големо внимание се посветува на тоа како се дочекуваат гостите, јадењето и пиењето, меѓутоа многу малку се знае за тоа кое е значењето на тоа што се слави. Не е чудно да се сретне фамилија која слави слава а не знае ништо за својот личен или куќен заштитник.

ОВАА КНИГА ПРАВИ ОБИД ТОА ДА СЕ ПОПРАВИ.

Во неа се опишани славите во најшироката смисла на зборот: домашните слави (сведни), имендените, општонародните празници, храмовските, еснафските, селските и градските слави. Со оглед на тоа дека славата не е нешто што е статично, и зависи од движењето на населението, гаснењето на семејствата, земањето на нови слави, исчезнувањето на цркви и манастири и подигнувањето на нови, во оваа книга се прикажани и житијата на светците кои се уште не се слават како домашни слави, но некои идни генерации ќе ги одберат за куќни заштитници.

Текстот е заснован на официјални теолошки извори, кога станува збор за биографии на светители и описи на празниците, како и на теренски истражувања на Игор Никовски, свештеник во Дебарско-кичевската епархија, кога станува збор за начинот на славење и бројноста на оние кои слават слави.

Книгата е богато илустрирана, па на тој начин прераснува во своеврсна збирка на славски икони, по што и ова издание ќе се разликува од сите досега издадени дела за слави и славски обичаи.

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА СЛАВАТА

  • ВЕРСКИ ОБИЧАЈ
    Славата денес е нераскинлив  дел од православната вера, која ги влече своите корени од  дамнешните пагански обреди на сите Индоевропјани, а меѓу нив и на Македонците.    Скоро сите индоевропски народи негувале посебен стравопочит кон своите предци, зачетници на семејството и на сите начини се обидувале да ги умилостиват и на тој начин да си овозможат за себе и  на своите потомци да си обезбедат заштита, напредок и благосостојба. Уште Римјаните, на пр. 2 века пред појавата на христијанството, празнувале празник за заштита на морепловците, во време кое денес се слави христијанскиот светител Св. Никола. Кога во 9 век словенските народи станале христијани своите прослави за заштита на домовите ги адаптирале на христијанската вера, па така обично денот кога преминале во христијанството се земал како ден на куќна слава или (сведен).
    Славата е чувар и заштитник на домот и породот, нишка која го поврзува поединецот со она што биле неговите претци.

  • ОБЕЛЕЖЈЕ НА НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ
    Обичајот на славење на светец заштитник, во минатото присутен кај многу народи,  поради сплет на околности, задржан е само кај Македонците, Црногорците и Србите додека др. православни народи како Грците или Русите немаат таков обичај. Иако во разни периоди и историски околности оспорувана или величена, напаѓана или оправдувана , славите, како и имендените се издвојуваат како посни празници, оние по кои Македонците се разликуваат од др. народи.
    Славата е нишка која го поврзува поединецот со народот на кој припаѓа.

  • СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА
    Славите се пренесуваат од поколение на поколение. Тоа е ретко наследство кое не може да се продаде, поклони, заложи, укради или испие.
    Славата е знак на припадност на семејството (патрон на домот, белег на фамилијата).

  • И НЕ САМО ТОА
    Славата е симбол на нашите корени, нашата претстава  во општеството во кое живееме и слика за иднината. Таа е поткрепа и сигурност. Затоа славата се чува и одржува. Затоа ни е важно да ја имаме, познаваме и прославуваме.

Ова не е книга само за оние кои се верници. Оваа книга треба да се разбере како ПРАВОСЛАВНА, СЕМЕЈНА И НАРОДНА читанка од која дознаваме кои биле нашите претци и кои ќе бидат нашите деца.


ШТО СОДРЖИ ОВАА КНИГА

  • АЗБУЧНИК НА ПОДВИЖНИ И НЕПОДВИЖНИ СЛАВИ, во кој се излистани сите имиња на празниците, со броеви каде може да се најде помен на конкретниот светец или славскиот ден;

  • ВОВЕД, во кој може да се дознае зошто се слави славата, какви сè видови слави има, како се делат според датумите во календарот, а како според трпезата покрај која се слави славата, кои се обичаите поврзани со чекањето на славите (осветување вода, канење на гостите, подготовка на славскиот колач, благословување и кревање на лебчето...)

  • КАЛЕНДАР НА ПОДВИЖНИ И НЕПОДВИЖНИ СЛАВИ, во кој може да се дознае кога кој светец се слави;

  • СВЕТИТЕЛСКИ ЖИТИЈА И ПРАЗНИЦИ, во кој се опишани 102 празника од црковниот календар, кои се обележуваат како домашни слави. Описи на славите подредени по датумите кога се слават, со исклучок на 7 подвижни слави, кои се опишани на крајот на поглавјето, а по декемвриските слави. Покрај описот на празниците, дадени се податоци за тоа во колку домови се слават славите, кои цркви се посветени на конкретен светител, народните обичаи и верувања поврзани за конкретен светец или за славски ден (на пр. на `Руса среда` не се јаде ништо зелено, а на Благовец на девојчињата им се `дупчат` ушите за обетки) анегдоти од народот (на пр. кај Соборот на Св. Јован постои анегдота за тоа дека некој христијанин разбрал дека Св. Јован Крстител бил најсиромашниот светец) тропар кој се пее при благословување на празничен леб и славска икона или фреска;

  • ПОСЕБНИ ДОДАТОЦИ:
    • ТАБЕЛА НА НАЈГОЛЕМИТЕ СЛАВИ (според бројот на куќи кои слават) во Дебарско-кичевска епархија;
    • СПИСОК НА ИМЕНДЕНИ според имињата на оние кои слават;
    • СПИСОК НА ИМЕНДЕНИ според датумот на прославувањата;
    • РЕЧНИК НА ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ – во кој може да се дознае зошто еден светец станал маченик, некој друг преподобен, а трет рамноапостолен, што се анахорети, а што бесребреници, што е тропар, утрена, панагија, вечерна, бдение

 

ШТО СЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОЗНАЕ ОД ОВАА КНИГА?

  • Во кој период од годината има најмногу слави и зошто? (Календар на подвижни и неподвижни слави)
  • Како традиционално се нарекува денот кога се слави заштитникот на домот и фамилијата? (Поглавје Македонски слави)
  • Како се одредувало кое семејство кој светец заштитник ќе го слави? (поглавје Македонски слави)
  • Кои специфичности на прославување домашна слава се својствени само за Македонците? (кои ги нема кај другите народи кои славата слави) (поглавје Македонски слави)
  • Кој обичај поврзан со црковна слава се нарекува петолебие? (Поглавје Црковна или манастирска слава)
  • Кој е кум на црковна слава? (поглавје Црковна или манастирска слава)
  • Која слава ја славеле меанаџиите и угостителите, која месарите, која ќурчиите... (поглавје Еснафска слава)
  • Кои слави имаат променлив датум, а секогаш се паѓаат во сабота, среда или четврток, а кои имаат точен датум, ама не и ден кога ќе се паднат (Слави со неподвижен и подвижен датум)
  • Зошто е на пр. Св Никола зимен (19.декември) секогаш посна слава, а Ѓурѓовден (9.мај) е некогаш посен, некогаш мрсен (поглавје Посна или мрсна слава)
  • Што е тоа без што не може да се прослави слава (поглавје Како се чека слава)
  • Дали е водосветот нераскинлив дел од чекањето  слава во цела Македонија  (поглавје Обичајот на светење вода)
  • Дали на слава се повикуваат гости (поглавје Повикување гости)
  • Во која просторија и на кој ѕид по правило се поставува славската икона (поглавје Како се чека слава)
  • Кои се светците кои ги славиме како заштитници на родот и домот (поглавје Слави – светителски житија и празници)
  • Зошто во народот се практикува обичај на девојчињата на Благовец (7. април) да им се `дупчат` уши
  • Кои се најчести, а кои најретки домашни слави во Дебарско – кичевската епархија (Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Македонски брод) (поглавје Додатоци)
  • Кој именден го слави Митар, а кој Блаже, кои Ацо, Киро, Катерина, Ставре... (поглавје Додатоци)
  • Богато украсена подврска од еко-кожа, во самостоечка дрвена кутија;
  • Повеќе од 120 икони и фрески на славски светители и празници

 

Автор: протојереј Игор Никовски

Димензии: 22 × 29 см
Број на стр.: 328
Подврска: тврда
Јазик: македонски